Фер и демократски избори и се потребни на земјава, за Македонија да може да добие позитивен извештај од Европската комисија во април, му порачале на вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, директорот на Дирекцијата за проширување на ЕУ, Стефано Санино, и генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи, Пјер Вимонт.
„Мошне јасна и прецизна порака ми беше упатена – успешно организирани локални избори ќе донесат позитивна слика за Република Македонија во Европската унија.“ – изјави Бесими за МИА.
Инаку, на средбата со Санино, се појавил и помошникот на заменик-државниот секретар на САД, Филип Рикер.
OhridNews