Охридската фудбалска школа “Фер Плеј“ и фудбалската школа од Лерин, Пас Флорина ја зацврстија соработката. Охриѓани се покажаа како добри домаќини, со своите врсници поминаа заеднички ден и делеа искуства.

– Со екипата на “Фер Плеј“ до Охрид ја зацврстиме соработката, прво тие ни гостуваа сега ние и многу ми е мило што е така. Ние сме отворени за соработка со секоја фудбалска школа од Охрид и Струга – рече Симе Бендески, кој е агент за македонскиот пазар во екипата на Пас Флорина.

На спортско рекреативниот центар “Атина Бојаџи“ одиграни беа два натпревари. Домашните триумфираа во натпреварот на генерацијата 1998/99 со 1-0, а гостите на победа се радуваат во дуелот од генерации 2000/01 со 3-2.

Мх.П.