Италијанскиот гигант во Формула 1, Ферари го престави новиот болид за сезоната што престои. Скудерија Ферари со новиот болид ќе атакуваат на титулите на Ред Бул и Себастија Фетел кои две години во низа го освојуваат. 


Тандемот на Ферари во новата сезона го сочинуваат старите шофери,  двократниот првак Фернандо Алонсо и бразилецот Филепе Маса. Италијаните за шампионска титула чекаат од 2007 кога последно финецот Раиконен ја освои титулата.

Мх.П.