Тимот од Маранело во својот напор да се врати на шампионските патеки го збуна светот во Формула 1 кога упорно ја зголемуват цената за Адријан Њуи да го донеси во своите редови.

Според изворите на Ла Газета дело Спорт, челниците на Ферари во текот на викендот во Монако стапиле во контакт со челници на Ред Бул за кои сега работи Њуи. Сепак тие изјавиле  дека нивниот технички директор и понатака ќе им остане верен.

Останува отворено прашањето дали овај одговор е даден пред или после новата понуда на Ферари. Новинарот на споменатиот медиум Луиџи Перна вели дека Ферари му нуди на Њуи неограничена техничка слобода, своја линија на патнички автомобили како и можност за учество во Ле Ман проектот. Неговата плата би изнесувала 20 милиони евра по сезона.

“После првата понуда на Ферари Адријан Њуи не сакаше да го напушти Ред Бул но после последниот разговор шансите за овај трансфер се зголемени за 20% до 30 %. Сега све зависи од Њуи. “ Изјави Перна.

Она што одекна како бомба е дека при евентуалниот трансвер во Маранело, Адријан Њуи би можел со него да го повлече и Себастијан Фетел во италијанскиот тим.

Ohridnews