Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд објави дека повеќе
нема да игра за фудбалската репрезентација на Англија. 34-годишниот
фудбалер, која за англиската репрезентација одиграл 81 натпревар,
изјавил дека сака целосно да се посвети на клупската кариера.


„Долго размислував и решив дека сега е вистинското време за да ставам
крај на репрезентативната кариера“,
рекол Фердинанд. Централниот
дефанзивец последен пат за репрезентацијата настапил во јуни 2011
година, во квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство
против репрезентација на Швајцарија.

„Мислам дека е многу исправно да им го отстапам своето место на
помладите, а јас ќе можам да и се посветам на клупската кариера. Тимот е
во добра форма и постојат многу млади играчи чие време доаѓа. Секогаш
со гордост го носев дресот на Англија. Би му посакал на Рој и на целиот
тим сè најдобро во иднина“,
дополнил Фердинанд.

“Макфакс“