Стоперот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд скапо ги плати пораките на социјалната мрежа Твитер. Англиската дисциплинска комисија го казни со 45 000 евра.

Искусниот фудбалер коментираше за сведочењето на Ешли Кол во обвинувањето на Џон Тери за упатување погрдни зборови на расна основа кон неговиот брат.

Подоцна Џон Тери беше ослободен од обвинувањето но Рио Фердинанд е санкциониран со 45 000 евра.

Мх.П.