Секоја градска пресметка во Манчестер е нова приказна. Првата од двете приказни заврши со среќен крај за Манчестер Јунајтед победувајќи го Сити 3-2. Херој на “црвените ѓаволи“ беше Робин ван Перси постигнувајќи гол за победа во судиското продолжение.

Во прославата на победничкиот гол на Ван Перси настрада дефанзивецот на Јунајтед, Рио Фердинанд кој беше погоден со паричка од две пени. Тој на официјалниот твитер профил се изјасни – Зарем немаа паричка од една фунта, мораа да ме удрат со монета од две пени“.

По победата над градскиот ривал Манчестер Јунајтед се одлепи на шест поени од второпласираниот Манчестер Сити.

Мх.П.