Во отсуство на Рафа Надал, најдобро рангираниот шпански тенисер Давид Ферер го победи Сем Квери со 3:1 (4:6, 6:2, 6:2, 6:4), додека Николас Алмагро по голема борба со Џон Изнер им го донесе вториот поен на Шпанците. Алмагро во маратонски меч победи со 3:2 (6:4, 4:6, 6:4, 3:6, 7:5). Во сабота на програмата е дубл мечот Гранољес и Лопез за противници ќе ги имаат браќата Брајан.
Во второто полуфинале помеѓу Аргентина и Чешка резултатот е 1:1. Хуан Мартин дел Потро лесно го доби дуелот со Радек Штепанек 6:4, 6:4, 6:2, додека Хуан Монако по голема борба загуби од најдобриот чешки тенисер Томаш Бердих со 2:3.