Актуелниот првак на мастерс турнирот во Дубаи, Новак Ѓоковиќ титулата во финалето ќе ја брани од шпанскиот тенисер Давид Ферер.


Српскиот тенисер пласман во финалето обезбеди победувајќи го Жо Филфред Џонга 2-0 во 1/2 финалето, а Ферер за медал ќе се бори откако го совлада сонародникот Рафаел Надал со 2-0 во сетови.

Ѓоковиќ две години во низа е освојувач на титулата Дубаи, а Ферер е пречката за тотална доминација на турнирот, кој означува почеток на новата сезона во тенисот.

Мх.П.