Манчестер Јунајтед заедно со Барселона останаа единствените екипи кои го задржаа 100% ефект во половичното трето коло од Лигата на Шампиони. “Црвените ѓаволи“ потешко од очекувањата славеа над Брага на Олд Трафорд со 3-2.

Чичарито ме стави во страшна дилема. Што да правам со Ван Перси, Вејн Руни и Дени Велбек ? – кратко изјави Фергусон по завршувањето на мечот.

Херој на пулените од менаџерот Сер Алекс Фергусон е мексиканецот Чичарото кој постигна два погодоци, вклучувајќи го победничкиот.

– Додека играм во Јунајтед уживам. Кога и да ми даде шанса Фергусон се трудам да ја искористам максимално. Добро е што денеска постигнав два подоци и тимот на крајот ги освои трите бодови – посочи “малио грашок“ Чичарито.

Манчестер Јунајтед во четвртата рунда гостува во Португалија кај екипата на Брага.

Мх.П.