Од во ден екс менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алес Фергусон открива по некоја тајна или коментира за фудбалерите кои ги водел во текот на кариерата.
На удар од Фергусон се најде Дејвид Бекам, кој исто како „стариот лисец“ мината сезона беше последна за него во фудбалот. Претходно шкотскиот стратег обелодени дека експресно го одбил Челси по преземањето на богатиот руски тајкун, Роман Абрамовиќ.
Фергусон рече дека Бекам многу повеќе ќе успеел ако не се случел бракот со Викторија иначе член на женската поп група Спајс Гирл.
– Од мали нозе имав можност да го следам развивање на Бекам како фудбалер. Неговата желба за фудбал беше голема додека беше дете и не се запозна со Викторија. Од тогаш се` смени и фудбалот го запостави. Мене ми требаа фудбалери кои живеат за фудбалот, затоа Бекам беше продаден на Реал Мадрид – истакна Фергусон.
Пред трансферот на Бекам во Реал Мадрид, Фергусон бесен од поразот од Арсенал во ФА Купот го погоди со копачка во пределот на окото, а тогаш според англинските медиуми било причина за заминување на „бекс“ од Олд Трафорд.
Англиската фудбалска легенда за Манчестер Јунајтед настапуваше од 1993 до 2003 година, а со „ѓаволите“ освои шест трофеи во Премиер лигата, еден во Лигата на Шампиони, два во ФА Купот на Англија, четири пати го креваше пехарот од Супер Купот и еднаш го покорија светот победувајќи го Палмеирас во финалето со 1-0.
Мх.П.