Легендардниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон во една американската емисија откри дека во 2003 година го одбил Роман Абрамовиќ откако го презел Челси во негова сопственост. 


– Сопственикот на Челси искористи неколку агенти да ме исконтактираат за преземање на клубот. Јас одговорив експресно дека не сакам и тука ставивме точка на секој дискусија – рече Фергусон.

„Стариот лисец“ ја отфрли можноста да се врати на клупата од Манчестер Јунајтед или да преземе некој друг.

– Не сум заинтересиран да водам некоја екипа, а исто така нема шанси да се вратам на „Олд Трафорд“. Ќе ги фрлите парите во бунар ако се обложите дека ќе се вратам на враќање во фудбалот. Донесов конечна одлука, времето беше идеално, а и уживам во „новиот“ живот. Сакам да одам на дербито во Кентаки, на мастерсот во Америка, гренд слемот во Австралија и да ги посетам винариите во Тосканија и Бретанија – додаде Фергусон.

Шкотланѓанецот повторно го аткуализираше случајот „Руни“, кој долго време беше топ тема во англиските и светски медиуми. Според Фергусон по мечот со Свонси, на кој му беше доделена 20-та титула на Јунајтед, Руни официјално побарал трансфер од „Олд Трафорд“.

Мх.П.