Не спласнуваат реакциите по градското дерби во ФА Купот во кое Манчестер Јунајтед славеше со 3-2. “Црвените ѓаволи“ по првиот дел имаа предност од 3-0, Вејн Руни два пати и Велбек еднаш ја тресеа мрежата на бранителот на трофејот во ФА Купот, Манчестер Сити.


Избраниците на Манчини после 12 минути игра останаа со фудбалер помалку откако Крис Фој го исклучи  капитенот на “граѓаните“ Компани по стартот над Нани со две нозе. Сити собра сили и во второто полувреме со погодоците на Коларов и Агуеро го ублажи поразот а Јунајтед се пласираше во наредната фаза

Во првото полувреме бевме страшни, во второто ја отпуштивме “гаста“ што можеше скапо да не чини. Фудбалерите по високото водство мислеа дека е све решено, наместо да ги дотолчиме ние го направивме Сити подобар од реалната слика во градското дерби – потенцираше “стариот лисец“ Сер Алекс Фергусон.


Менаџерите на двете екипи различно го простудираа црвениот картон на Винсент Компани, кој го смени текот на мечот.


Пред да го добие црвениот картон, Компани имаше два три старта “оштри“. Да го закачеше Нани со двете нозе ќе беше жесток фаул – истакна Фергусон.


По елиминацијата на Сити, Манчестер Јунајтед е пред нов тест откако во 4-та рунда за противник го доби Ливерпул.

Видео : Јунајтед простува но не заборава

Мх.П.