Се погласни се шпекулациите дека оваа сезона е последна на Жозе Мурињо на клупата од Реал Мадрид. Со последниот потег на Мурињо пред градското дерби со Атлетико тој излезе “очи во очи“ со навивачите и ја доби нивната поддршката.


Но, лошите односи со првиот човек на “кралевите“ Флорентино Перез на влева преголема надеж дека “специјалниот“ ќе остане уште долго тренер на “галактикосите“. Покрај навивачите поддршка за Мурињо стигна од Сер Алекс Фергусон, кој го означи како еден тренерите кои можат да го наследат на престолот во Манчестер Јунајтед.

– Мурињо е способен да го води секој клуб во светот. Незамисливо е некој кој не играл фудбал, да стане толку добар тренер, но Португалецот ме разубеди во тоа. Прескоференциите додека работеше во Премиер Лигата беа поинтересни отколку  самите натпревари, но тоа е неговиот рецепт за успех – посочи Фергусон.

На преставувањето на бронзената статуа од Фергусон пред Олд Трафорд, тогаш  “специјалниот“ изјави дека тоа било најголем трофеј за еден тренер на денешницата.

Мх.П.