Градителот на модерниот Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон планира доживотно да остане во клубот. Шкотланѓанецот на клупата од “црвените ѓаволи“ е долги  26 години, а за овој период Фергусон на Јунајтед му донесе 36 трофеји.


Кога ќе завршам со “менаџирањето“ на Јунајтед,  ќе останам во Манчестер Јунајтед но како советник. Здравјето сеуште ме служи и мислам дека уште 2-3 години можам да ја водам екипата – истакна “стариот лисец“.

Манчестер Јунајтед сезонава остана во игра на два фронта. Во премиер Лигата заостануваат два бодиви зад лидерот Сити и во Лигата на Европа во кое се 1/16 финалето.

Мх.П.