Често се слушам со Мурињо. Сигурно дека ќе поразговарам со него за играта на Барселона – рече легендарниот стратег на Манчестер Јунајтед , сер Алекс Фергусон.

 
Реал Мадрид на Жозе Мурињо сезонава пет пати ги одмери силите со Барселона, а кралевите успеаа да слават само во финалето од кралскиот куп со 1-0.

Во првиот натпревар Барса ја забележа највисоката победа од 5-0, додека 1-1 беше во втората лигашка пресметка.


Во Лигата на шампиони, на “Сантијаго Бернебеу“ избраниците на Пеп Гвардиола славеа со 2-0, додека во реваншот беше 1-1.  Мурињо лани со Интер, четири пати играше против Барселона, а успеа да ги елиминира во полуфиналето.

Во репризата од финалето во 2009 година, Манчестер Јунајтед ќе игра против Барселона. Трофејот тогаш го однесоа Шпанците победувајќи со 2-0.

Ohridnews