–
Не надиграа. Очекував дека ќе се
справиме подобро, но во крајна линија не добивме шанса и бевме
надиграни. Барселона е најдобриот тим против кој сме играле некогаш и во
моментот тој тим е во најдобриот период во историјата – рече Сер Алекс Фергусон после поразот од Барселона во финалето до лигата на шампиони.
Фергусон напомена дека е разочаран што со пораз ја завршуваат сезоната кој во многу погледи била позитивна, но и дека нема за што да се срамата бидејќи биле поразни од најдобриот состав на континентот.
– Понекогаш противникот едноставно е многу подобар од тебе, а на овој натпревар беше токму така. Сезоната беше многу добра за нас во многу односи, но ете, по втор пат сме поразени на Вембли”. Јунајтед со Фергусон, сезонава ја освои 19. рекордна титула во Англија.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com