Манчестер Јунајтед минатата сезона на чудесен начин ја загуби титулата во Премиер Лигата. Во последното коло градскиот ривал Сити со победата над КПР ја обезбеди четвртата титулата во својата историја.

Менаџерот на “црвените ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон истакна дека следната сезона приоритет му е враќањето на титулата од Англија.

– Разочарувањето од минатата сезона сеуште ме прогонува. Сакаме да ја вратиме титулата во наши раце бидејќи таму е најбезбедна. Во неколку наврати сме доживеале вакви моменти и од секогаш сме излегувале посилни – потенцираше Ферги.

Премиерлигашката сезона Манчестер Јунајтед ја отварата на гостински терен против Евертон.

Мх.П.