“Црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд го направија решавачкиот чекор откако во “мајсторката“ го совладаа Челси со 2-1. Со погодоците на Чичарито и капитенот Немања Видиќ, Јунајтед “ја стави едната рака“ на трофејот во Премиер Лигата.


Секој натпревар па така и овој со Челси, одиме по жица. Можевме победникот да го решиме уште во првиот дел но добро е вака. Навивачите беа фантастични во последните мигови кога ни беше потребна подршка – вели Фергусон.


Во двете рунди кои преостануваат на Манчестер Јунајтед му е потребен бод за да ја осигура рекордната 19-та титула во Премиер Лигата.


Веќе во наредното коло со Блекбурн ќе одиме по бод и шампионска титула. Свесни сме дека Блекбурн и Блекпул се борат за опстанок но ние мораме да си ја одработиме својата работа – потенцира “стариот лисец“.

Мх.П.