– За одлуката да се пензионирам размислував многу, и од оние работи кои не се преземаат лесно. Сигурен сум дека ја донесов во право време бидејќи оставам јака и квалитетна екипа со шампионски амбиции – истакна Фергусон.
Премиер лигата ќе остане без менаџерите, кој е најзаслужен за афирмацијата на англискиот фудбал.
– Манчестер Јунајтед ќе постои и без мене. Клубот е роден победник, секогаш се издигнува посилен по некој неуспех. Гледајќи ги младите категории пред клубот престои светла иднина, а тоа ми беше цел од самото доаѓање во клубот – потенцираше шкотланѓанецот.
Фергусон ќе го напушти Јунајтед од менаџерската функција, но ќе остане во клубот и во срцата на навивачите ширум светот.
– Јас ќе продолжам понатаму, ќе останам во клубот и ќе работам како директор и амбасадор. На крајот сакам да му оддадам голема почит на моето семејство, нивната поддршка и љубов кога беше најпотребно. Мојата сопруга Кети беше клучна фигура во текот на мојата кариера – рече Фергусон.