Англиските тимови во Лигата на Европа, “плачат“. Манчестер Јунајтед беше декласиран во двата меча против Билбао додека Сити го “стигна“ правилото “гол во гости“ на дуелот со Спортинг. “Црвените ѓаволи“ прв пат после сезоната 2005 година претрпеа три порази по ред во европскиот крем, што беше показател на инфериорнаста на англискиот првак оваа сезона.


Нема никакво оправдување за двата натпревари со Атлетик Билбао, сега ни преостанува да се фокусираме на Премиер Лигата. Првиот примен гол не “пресече“ потоа на теренот постоеше само една екипа, Атлетик Билбао. Во финишот на мечот го кренавме ритамот, но беше прекасно да се направи нешто конкретно – потенцираше менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.

По елиминацијата на Сити и Јунајтед, Европа остана “сиромашна“ а честа на англичаните ја брани Челси, кој се пласираше помеѓу осумте најдобри во Лигата на Шампиони.

Мх.П.