Бранителот на трофејот во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед и Челси одиграа дерби за паметење на Стемфорд Бриџ, кое заврши без победник 3-3. “Сините“ имаа водство од 3-0 со погодоците на Еванс кој ја затресе сопствената мрежа, Мата и Давид Луиз додека “црвените ѓаволи“ обезбедија бод, со двата голови на Руни од пенал и Чичарито.


Ова беше празник во Премиер Лигата за неутралните навивачи, да одиграш ваков натпревар е фантастично. Игравме одлично во целиот натпревар и жалам што не ги освоивме трите бодови – потенцираше Фергусон.


Стрелецот на третиот погодок за Манчестер Јунајтед, Чичарито ја истакна “фајтерската“ сила на екипата – Не се предаваме никогаш, беше доста тешко но ете успеавме да се вратиме. Тие имаа три шанси и ги искористија, сепак играа дома пред своите фанови.


По мечот менаџерот на “црвените ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон имаше пофални зборови за голманот на Манчестер Јунајтед,  Давид Де Геа.


Топката упатена од Мата, одеше во десниот горен агол, Де Геа одлично интервенираше. На натпреварот делуваше многу самоуверено, и собра неколку добри интервенции – заврши “стариот лисец“, Фергусон.


Манчестер Јунајтед во наредната рунда од Премиер Лига го очекува ново мега дерби овој пат со далеку полутиот ривал Ливерпул додека Челси гостува на Гудисон Парк, кај Евертон.

Мх.П.