Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон смета дека неговата екипа не одиграла на потребното нивои поразот бил сосема заслужен.

Одигравме добро во првиот дел, ја контролиравме играта и не им дозволивме да се разиграат. Нашата концепција во голема мера ја наруши голот во финишот на првиот дел. Тие потоа се затворија одиграа добро на контри, додека ние не го загрозивме нивниот гол, нивната победа е сосема заслужена – рече Фергусон.

Благодарение на подобрата гол разлика, Сити е на врвото на табелата со големи шанси по трет пат во својата историја да го освојат трофејот. – Ова е голем удар за нашите шампионски амбиции. Тие се сега на
“возачкото“ место и имаат само два натпревари кои треба да ги добијат.
– истакна Фергусон.

М.П.