Актуелниот првак во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед го врати во игра градскиот ривал во борбата за титулата откако ремизираше со Евертон на Олд Трафорд 4-4. “Граѓаните“ со две раце го прифатија киксот и триумфираа на гостувањето кај Вулверхемптон.


Во ФА Купот им го подаривме пласманот, но сега ќе е многу поразлично. Јунајтед без притисок ќе влезе во мечот против нас, тие се навикнати на вакви натпревари, а ние нема што да изгубиме – потенцираше Манчини, менаџерот на Манчестер Сити.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон не го криеше разочарувањето по ремито на домашен терен против Евертон.

Неможам да поверувам, да постигнеш четири гола и да не победиш. Постигнавме преубави голови но одбраната не беше на правото ниво. Сега гостуваме на Етихад, таму ќе треба да покажеме зошто сме шампиони, ни треба добар резултат и ќе се обидиме да го оствариме – истакна Фергусон.

Градското дерби во Манчестер, се игра в понеделник во 20:45 часот.

Мх.П.