Бранителот на трофејот во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед по подолго време се најде на чело на табелата. “Граѓаните“ претрпеа минимален пораз 1-0 на гостувањето кај Свонси и се “лизнаа“ на втората позиција, додека “црвените ѓаволи“ со двата погодоци на Руни ја совладаа ВБА и го “резервираа“ врвот.


Бодовите се губат многу брзо, мора да направиме се` да не грешиме како нашите противници. Не очекував дека Сити ќе изгуби на натпреварот со Свонси, ова е бонус. На средината од првенството заостанувавме од пет до седум бодови, а сега се наоѓаме на врвот и тоа ме прави среќен.  Победа над ВБА добива голема тежина, затоа што имавме многу повредени фудбалери – потенцираше, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.


Во наредната 28-та рунда од Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед гостува кај Вулверхемптон додека Сити на домашен терен го пречекува Челси.

Мх.П.