Прославениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, бразилскиот напаѓач Ромарио, Колумбиецот Карлос Валдерама и селектрот на Аргентина од 1978 година, Цезар Луис Меноти се нови членови во Куќата на Славните која се наоѓа во Мексико.

Фергусон скоро 27 години успешно го водеше Манчестер Јунајтед и од клуб од градски рамки направи доминантен во Англија и Европа.

Со Ромарио во нападот „кариоките“ во 1994-та година го освоија златниот медал на мундијалот во Америка победувајќи ја Италија на пенали. Тој во Европа настапуваше за холандскиот ПСВ и шпанските Валенсија и Барселона, а најголем белег остави на Ноу Камп.

Фудбалерот со најинвентивната фризура Карлос Валдерама настапи на три Светски првенства, а каква што е земја како Колумбија тоа е голем успех. Со фризурата проби многу бариери и постави некои нови цели во модата.

Луис Цезар Меноти во 1978-та година како селектор на Аргентина го покори светскиот фудбалски свет на мундијалот победувајќи ја Холандија во финалето и тоа беше прва титула за „гаучосите“.

Мх.П.