Актуелниот шампион во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед максимално го искористи ремито на лидерот Манчестер Сити на гостувањето кај ВБА. “Црвените ѓаволи“ убедливо триумфираа на домашен терен против Виган со 5-0 и се израмнија со “граѓаните“ на табелата. Бугарскиот интернационалец Бербатов се “разбуди“ и посигна хет трик додека по еднаш прецизни беа Парк и поранешниот фудбалер на Виган, Антонио Валенсија.

Реков и порано ако го стигниме Сити до крајот на годината ќе бидам среќен. Повредите во текот на сезоната си го направија своето затоа нашата победа над Виган добива голема тежина. Да беше мечот неизвесен ќе имавме големи проблеми, последната четворка ја составуваа три “везни“ фудбалери – потенцираше “стариот лисец“, Сир Алекс Фергусон.

“Црвените ѓаволи“ по елиминацијата од Лигата на Шампиони имаат забележано четири победи со импознатна “гол разлика“ имаат постигнато 14 погодоци а примено само еден. Во наредната 19-та рунда “бебињата“ ќе имаат лесна задача на домашен терен против Блекбурн.

Видео : Фулам го запре Челси , ВБА Сити, “петка “ за ѓаволите

Мх.П