Промашувањето на пенали некако стана заштитен знак на Манчестер Јунајтед сезoнава. Во отстуство на стандардниот “пеналџија“ Руни, прво пенал промаши новата аквизиција Ван Перси на мечот против Саумптетон.

Мексиканецот Чичарито промаши исто така во Премиер Лигата против Фулам а последен кој шутираше непрецизно беше на вчерашниот меч со Галатасарај од Лигата на Шампионите, Нани.


– Не бевме договорени но се знаеше ако има пенал дека ќе го шутира Робин ван Перси, незнам зошто Нани сам ја презеде одговорноста. Друг пат јас јасно ќе потенцирам кој ќе биде изведувач на пеналите – порача Фергусон.

Нани имаше голема среќа на мечот против Галатасарај откако Јунајтед со голот на Карик триумфираше со минимални 1-0.

Мх.П.