Играчот за врска на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, по поразот на тимот во натпреварот со Астон Вила (0:1), им се обрати на фановите на клубот преку својот Инстаграм.
Фудбалерот на оваа средба промаши пенал и пропушти шанса да го спаси својот тим од пораз.
Никој не е поразочаран од мене поради нереализираниот пенал и пораз. Секогаш преземам одговорност и никогаш не бегам од притисок. Направив чекор и го презедов предизвикот со иста амбиција и одговорност како и во многу други прилики топката да ја сместам во мрежата. Ви благодарам на сите за поддршката по последниот судиски свиреж. Ќе се вратам посилен, напиша фудбалерот.

OhridNews










