Со прикажување на историскиот филм „Збогување со кралицата“ на Беноа Жако, вечерва во Охрид, ќе биде отворен 5-от Фестивал на францускиот филм.

На фестивалот  што годинава ќе се одржи од 30-ти јуни до 5-ти јули, ќе бидат прикажани девет долгометражни дванаесет краткометражни филмови од најновата француска кинематографија.

Наградата за животно дело годинава ќе му биде доделена на режисерот Жак Дојон, кој ќе биде почесен гостин на фестивалот.  Ќе гостуваат и режисерите Ева Јонеско, Артур Шелтон, Лејла Фреже, актерите Елоди Навар, Пјер Клуе, Абрахам Белага.

Филмовите кои ќе бидат прокажани во конкуренција за награди ќе ги оценува тричлено жири, со кое ќе претседава македонскиот режисер Антонио Митриќески.

OhridNews