На Институт за Филм – Филмска Академија Охрид која работи при универзитетот „Св. Апостол Павле“, викендов се одржува фестивал на хорор филмови.

Фестивалот е од отворен карактер, а влезот е бесплатен за сите, информираат организаторите. 

Проекциите на филмовите почнуваат од 18 часот, а денеска (сабота) од 15:30 часот ќе има и проекции за помладата публика – односно ќе се прикажуваат детски анимирани филмови.

OhridNews