Во организација на Македонската заедница (Macedonian Australian COMMUNITY Organisation) викендов во Виталси – Мелбурн, Австралија, се одржа третиот Македонски фестивал за храна. Фестивалот го отвори Амбасадорот на Република Македонија во Австралија Веле Трпески, а пригодно обраќање имаше и генералниот конзул Бети Коруноска. 

На фестивалот се промовираше македонската храна, но и клтура, музика и фолклор. Посетителите имаа можност да вкусат традиционални специјалитети како сарма, мусака, бурек, ќебап, плескавица, печива, ајвар, пинџур, но и пијалаци од Македонија како и разни десерти.

Свој настап на фестивалот имаа културно уметничките друштва „Јане Сандански“, „Никола Карев“, „Светлост“, „Бисер“, „Александар Македонски“, како и талентираните BEC&SEBASTIAN, Bella Paige Joseski и Мајкл Димовски. 

Фестивалот го посетија жители од сите краеви на државата Викторија, а организаторите најавуваат уште подобро издание следната година.

OhridNews