И покрај најавите за промена на терминот, фестивалот на вино и сирење чиј домаќин е Охрид и оваа година ќе се одржи по завршувањето на главната туристичка сезона.
Манифестацијата што ја организира Федерацијата на фармери ќе се одржи неделава на старата локација – плоштадот кај стариот Чинар.
Минатата година на фестивалот се претставија дваесетина произведувачи на вино и сирење, претежно од регионот, а годинава се очекува бројот на излагачите да биде поголем.












