И оваа година македонските винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирење ја продолжуваат традицијата на одржување на „Фестивалот на вино и сирење“ каде ќе бидат споделени вкусовите на домашните вина и сирења.
На фестивалот кој ќе трае два дена (11-ти и 12-ти август) учество ќе земат 12 излагачи, кои своите производи ќе ги излагаат од 20 часот на плоштадот кај Чинарот.
Во рамки на манифестацијата, покрај можноста да вкусат добро вино и сирење, посетителите ќе може да уживаат и во културно – уметничката програма.
OhridNews












