Со збогатена понуда за развој на риболовниот туризам, второто издание на Фестивалот на плашицата во Охрид годинава ќе се одржи во април.

Организаторите на фестивалот, Спортско-риболовните клубови „Рибарска Вистина“ и „Свети Апостол Петар“ информираат  дека годинешното издание на фестивалот ќе се одвива во два дела. Првиот дел ќе се состои од лов на плашица во Студенчишкиот канал, а вториот од понуда на автентични специјалитети со плашица. И  годинава  ќе се одржи натпревар во приготвување рибна чорба.

Новина е и тоа што пржената плашица што ќе се улови од учесниците на фестивалот ќе се продава во амбиентални куќички во охридски стил кои ќе бидат поставени покрај каналот Студенчишта, а манифестацијата ќе биде збогатена со културно уметничка програма.

Предвидено е да се одржи и еден вид отворена ликовна колонија, на која уметници ќе сликаат дела со рибарски мотиви, потоа изработка на уметнички фотографии , како и неколку натпревари во други водени спортови.

OhridNews