Најстарата културна манифестација во Македонија, фестивалот Охридско  лето нема да ја прими Свети Климентовата награда.

Ова денеска го соопшти в.д директорот на фестивалот Васил Зороски,  кој образложи дека реномирана манифестација, како Охридско лето, не треба да ја прими оваa награда во пакет со други апликанти.

Тој не сакаше да коментира за другите добинтци на наградите, но истакана дека фествиалот Охридско лето со се’ што има направено во изминатите 50 години, за развојот и промоција на Охрид i Македонија , заслужува  поединечно да го добие највисокото општинско признание.

Подршка на ваквата одлука даде и Управниот Одбор на фестивалот, кој смета дека Свети Клименотовата награда единствено ја заслужува фестивалот Охридско лето. Оттаму велат дека нема политика во нивната одлука и дека одговорноста за случувањата околу доделувањето на највисокото општинско признание е исклучиво на комисијата за доделување на награди и признанија, која е составена од полтички преставници.

-Во мое име ќе кажам дека Комисијата слуша некои политички наредби, собира политички поени и се обидува да избалансира нешто што не може да се избалансира. Минатата година успеаа да ја заташкаат работата, која претпостатвувам ќе има некаква разрешница, годинава мислам дека си зедоа преголем залак со Охридско лето, истакна претседателот на У.O. на фестивалот Зоран Велјаноски – Летра, додавајќи дека како поранешен добитник на Св. Климентовото признание, се срами од тоа што сега се случува со највисоката општинска награда.


Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, смета дека одлуката на Комисијата за доделување на награди и признанија не е политичка, туку дека политика и скандал претставува однесувањето на фестивалот Охридско лето.

-Со ваквата одлука тие не го навредуваат градоначалникот, туку Охрид и неговите граѓани, со што според мое лично мислење покажуваат дека не ја заслужуваат наградата, истакна Петрески.


Според него наградата заслужено отишла во рацете на здружението на граѓани „Богојавление“ за исклучителната организација на Водици и збогатување на манифестацијата. Кај Велија Рамковски ,за се што тој направил за Охрид преку промоција на неговата А1 и спонзорирањето на културните манифестации од страна на неговата фондација. „Доделувањето на наградата на Рамковски е најмалку со што ние можеме да му се оддолжиме за се што тој има направено за Охрид“, додаде Петрески.

ohridnews