Фестивалот „Охридско лето“, денеска го слави 53-от роденден.
Историјата на најголемата и најзначајна културна манифестација во земјата, започна на денешен ден во 1961 година со концерт на извонредната оперска певица Ана Липша – Тофовиќ во катедралната црква Св. Софија. Оттогаш наваму во историјата на фестивалот со златни букви се запишале плејада врвни музичари, актери и режисери, кои Охридско лето го издигнаа во самиот врв.
Фестивалот од 1993 година е член на Европската асоцијација на фестивалите, и важи за еден од најпрестижните на стариот континент.
Роденденот на „Охридско лето“, ќе биде збогатен со концерт на Кралот на ромските виолинисти, унгарскиот уметник РоБи Лакатош, кој вечерва во 21 часот ќе настапи на Античкиот театар.