Четвртиот по ред меѓународен фолклорен фестивал ,, Пображење“ во Вевчани, оваа година ќе измине во знакот на научна трибина на тема „Регионалната етнологија и етничките карактеристики во Македонија во почетокот на 20 век“ и „Нематеријалното културно наследство на Вевчани“.
Научната вечер ќе се оддржи утре во Домот на културата во Вевчани со почеток од 20 часот, а ќе говорат доц. д-р Даворин Трпевски од Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет- Универзитет Св Кирил и Методиј- Скопје, м-р Ивона Опетческа Татарчевска, етнокореолог виш соработник за фолклорни добра во Управата за заштита на културното наследство, м-р Велика Стојкова Серафимовска етномузиколог и претседател на ИСТМ Националниот Комитет за Македонија, додека модератор ќе биде Наташа Ташкоска, етнолог.
Инаку, годинешното издание на Фестивалот ќе измине без најавените фолклорни содржини и концертот на групата Љубојна. Од КУД Дримкол- Вевчани велат дека активностите се откажани поради неодамнешната трагедија со двојното убиство.
OhridNews