Љубителите на театарот синоќа во рамки на фестивалот „Охридско лето во Центарот за култура „Григор Прличев“ имаа можност да ја проследат претставата „Човекот перница” од ирскиот драматург Мартин Мек Донах во режија на Јавор Грдев, а во изведба на Тетарот 199 од Софија, Република Бугарија.

Претставата „Човекот перница” го поставува прашањето за насилство врз децата, насилството на државата
во врска со нејзините граѓани, насилството како тема на креативноста и
правото на сопствениот идентитет.
Оваа претстава во 2004 година ја доби награда „Лоренс Оливие” за најдобар театарски текст, а охридската изведба синоќа го освои симпатиите на публиката која ги награди актерите со голем аплауз.
фото:Кирил Јорданоски













