Бајрам Фетаи е еден од дебитанти на списокот на Мирсад Јонуз за мечот со Албанија попладнево во Корча. Фетаи (25) кој е по потекло од Тетово, своја фудбалска кариера ја гради во Данска.  Како дел од младинските селекции има одиграно десет натпревари и постигнал еден гол.


– Добивка е кога ве повикуваат за националниот состав, јас сум среќен што добив повик од селекторот, возбуден сум и со нетрпение го чекам утрешниот меч. Ќе биде посебно чувство да се игра за македонскиот национален тим, јас сум албанец со македонско потекло роден во Тетово, целиот мој живот и мојата фудбалска кариера ја градев во Данска, и посебно ќе биде чувството да се дебитира во Албанија. Никогаш не стигнав до А тимот на Данска, иако имав неколку настапи за младинските селекции, сонував да играм  за националниот состав но тој сон заврши, сега сум овде со македонските репрезентативци и желба ми е да се прикажам во што подобро светло – вели Фетаи

И покрај ваквите постигнувања Фетаи на светската јавност и стана познат по славеничкото “тепање“ на своите играчи во победата против поранешниот клуб Силкеборг. 

Идејата не беше да се прославува на насилнички начин, туку се работеше за бокс меч на кој требаше после натпреварот да одиме заедно со мојот соиграч  Нике Биле, откако најдовме билети за мечот, се одлучивме на останатите соиграчи на тој начин да им покажеме дека сме стигнале до билет. Воопште не ни беше намерата насилнички да се пресеметаме, впрочем јас сум против насилството како на терените, така и надвор од нив – појаснува Фетаи.

Од Поградец – Албанија
М.Постоловски
фото Емилио