Македонскиот репрезентативец Бајрам Фетаи фудбалската кариера ќе ја продолжи во Данска, во тимот на Лингби. 


Корпулентниот напаѓач на последниот ден од преодниот рок му се приклучи на клубот како слободен играч, откако неговиот договор со Нордсјалден заврши на крајот на минатата година.

–    Фетаи е одличен напаѓач и ние сме среќни што таков играч  дојде во нашиот клуб. Тој може да игра во шпицот на нападот но и на бочните офанзивни позиции што за нас сигуно ќе преставува опција повеќе. Очекувам со неговиот ангажман да ни помогне да се избориме за што подоар пласман на табелата во пролетниот дел –вели Биргер Јоргенсен, спортскиот директор на клубот.

Лингби по првиот дел од сезоната со 23 освоени бода се наоѓа на средината на табелата.

Дебито во новиот дрес во Данската Суперлига Фетаи ќе го на гостувањето кај  Брондби.

Фетаи во дресот со националниот грб одигра два меча, против Албанија (0-0) и Кина (0-1), но поради немањето ангажман е изоставен од списокот на селекторот Мирсад Јонуз за мечот со Камерун на 9 февруари во Скопје.