Пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел е победник на трката за ГН на Европа што се возеше на стазата во Валенсија. За Германецот, кој е водечки во генералниот пласман ова беше шеста победа во осмата трка сезонава.


Домашните фанови ги израдува Фернандо Алонсо кој заврши втор на подиумот, додека трет заврши вториот возач на Ред Бул, Марк Вебер.

По денешниот триумф Фетел има 77 поени предност пред клубскиот колега Марк Вебер и Џенсон Батон.

ohridnews