Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, е прогласен за најдобриот спортист на Европа за 2013 година, во традиционалниот избор на полската агенција ПАП.

Германецот, оваа година, го израмни рекордот од 13 победи во една сезона, како и рекордот од девет последовни победи во една година и ја освои својата четврта последовна титула во Формула 1.

Во гласањето на агенцијата ПАП, учествувале новинари од 21 европска агенција, а Фетел доби 166 гласови и во изборот победи Пред Рафаел Надал и атлетичарот Мо Фарах.

Резултати од гласањето:

1. Себастијан Фетел (Германија, Формула 1) 166

2. Рафаел Надал (Шпанија, тенис) 127

3. Мо Фарах (Велика Британија, атлетика) 87

4. Кристијано Роналдо (Португалија, фудбал) 84

5. Франк Рибери (Франција, фудбал) 82

6. Тина Мазе (Словенија, алпско скијање) 76

7. Крис Фрум (Велика Британија, велосипедизам) 58

8. Новак Ѓоковиќ (Србија, тенис) 50

9. Тони Паркер (Франција, кошарка) 45

10. Марит Бјерген (Норвешка, скијачко трчање)

 

„Макфакс“