Германецот Себастијан Фетел ја продолжува доминацијата во Формула 1, шоферот на Ред Бул ја освои пол-позицијата за големата награда на Кина. Рамо до рамо со Фетел е британецот Џејсон Батон. Вториот возач на Мекларен, Луис Хамилтон е на третата позиција, првата четворка ја комплетира австралиецот Марк Вебер.


Двоецот на Ферари, Фернандо Алонсо и бразилецот Филепе Маса се пласираа на петтото односно шестото место.

Мх.П.