Со трумф на пилотот од Ферари, Себастијан Фетел заврши возбудливата трка во Силверстоун за големата награда на Велика Британија. Фетел целната рамнима во Силверстоун ја помина пред големиот ривал Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес и тимскиот колега Кими Раиконен.

– Излегувањето на безбедносното возило ја направи трката многу поинтересна. Имавме добар дуел со Валтериј ( Ботас – Мерцедес) кој даде се од себе, но јас имав посвежи гуми и на почетокот немав место каде да престигнам. Заради тоа одлучив да ризукувам и да го изненадам и незнаев дали ќе влезам навреме во свикот. Но, ете испадна како треба. Големо благодарам на тимот за подршката затоа што во саботата не ми одеше баш се како треба, но тркачкот ден за мене беше без никакви проблеми. Ова треба да биде Ферари до крајот на сезоната. – изјави победникот на трката Фетел.

Второпласираниот Хамилтон имаше неколку забелешки за Ферари. Ова е најголемата трка во сезоната, овде е најдобрата публика и жал ми е што не успеав во сето тоа да се вклопам со победа. Тоа беше мој сон за овај викенд и благодарам за целосната подршка. Тие (Ферари) имаа чудна и интересна тактика но сепак ќе направиме се да се бориме со нив дури и при вакви незнам колку коректни потези. Нема да се откажеме.

Финецот во редовите на Ферари, Раиконен имаше блиска средба со Хамилтон на стартот од трката, но и покрај казната од десет секунди успеа да дофати место на пиедесталот.

Одма после стартот на третиот свиок ги блокирав тркала при кочењето, така да тоа не беше ефикасно па ми се продолжи линијата на движење. Сето тоа заврши со удар во Луис (Хамилтон – Мерцедес). Чисто моја грешка, се случува и тоа после кое ете ни за мене ни за Луис не беше трката иста. Да, казната беше заслужена, ја прифаќам одговроноста, си ги одработив тие 10 секунди. После тоа болидот беше “послушен“ и после се сум задоволен со третото место. – потенцираше Раиконен.

Следната трка во Ф1 шампионат се вози во Хокенхајм на 22 јули.

OhridNews