Февруари, месецот на виното и љубовта, во Охрид поминува во знакот на убавите вкусови и романтичната атмосфера.

По тој повод, винаријата Далвина реализира специјална кампања со атрактивни цени на своите вина во сите охридски маркети, како и препорачани цени во најдобрите охридски ресторани.

Кампањата има за цел да ги доближи врвните македонски вина до потрошувачите и да внесе уште повеќе уживање во месецот на виното и љубовта. Со чаша Далвина, февруари станува совршен спој на традиција, вкус и романтика.

Во текот на целиот месец февруари вината на Далвина ќе бидат достапни по специјална цена во сите охридски маркети, а во најдобрите ресторани во Охрид ќе се нудат по препорачана цена.

Наздравје!

OhridNews I PR