Фудбалската Федерација на Македонија, со особено задоволство Ве поканува да присуствувате на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Р. Ирска кој ќе се одигра на Арената Филип Втори во Скопје на ден 04.06.2011 година.


Оваа е натпревар со кој спортски ќе се промовира новоизградената (реконструирана) фудбалска арена, гордоста на Македонија.

Фудбалската Федерација на Македонија, како неутрална во прашањата на политиката, ПОВИКУВА за потребата од коректно и спортско навивање, заеднички да го бодриме националниот фудбалски тим, да му помогнеме во напорите, во заедничката победа на националниот тим.

Фудбалската Федерација на Македонија, со оглед на тоа што натпреварот се игра ден пред парламентарните избори, ден на предизборен молк, а како не би се повредиле законите на РМ, УКАЖУВА на потребата за фер и коректно спортско навивање, навивање без политички пароли и политичка иконографија, и ги повикува надлежните да помогнат и да ги спречат евентуалните и можни испади.

Фудбалската Федерација на Македонија, почитувајќи ги Статутот и актите на УЕФА и ФИФА СЕ ОГРАДУВА од било какви политички пораки или неспортско навивање за политички цели кои ќе одат во правец на повреда на Законите на РМ и актите на ФФМ. ФФМ укажува на потребата заеднички да ги спречиме сите политички влијанија кои можат да го нарушат спортскиот амбиент на Арената Филип Втори кој сите го очекуваме со нетрпение на ден 04.06.2011 година со што истата би била прекрасно место за спортско уживање и навивање.

Ohridnews