По немилите сцени и неколку кратниот прекин на натпреварот од првото коло помеѓу Шкендија и Тетекс одигран на Градскиот стадион во Тетово, ФФМ поведе дисциплинска постапка против тетовските лигаши.

Дисциплинска постапка против ФК Шкендија -Тетово се поведува поради влегување на неслужбени лица на терен во 75 минута од натпреварот, поради слаба организација на натпреварот, поради фрлање на бакљи во терен, поради што во второто полувреме беше предизвикан прекин на натпреварот во траење од 10 минути на натпреварот, потоа поради недолично и вулгарно однесување на навивачката група на Ф.К.Шкендија на натпреварот.

Дисциплинска постапка се поведува против Азизи Беким комесар за безбедност на ФК Шкендија -Тетово: поради негово несовесно извршување на функцијата комесар за безбедност, како и негово неспортско однесување, истиот се суспендира до донесување на Одлука.

ФФМ поведе дисциплинска постапка против ФК Тетекс-Тетово, поради недолично и вулгарно однесување на навивачката група на Ф.К.Тетекс за време на натпреварот Ф.К. Шкендија-Ф.К.Тетекс.

Ohridnews