Најдобрата репрезентација на Македонија во септември го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство преку новото натпреварување на УЕФА, Лига на Нации. Нашиот А национален тим е во група со Ерманија, Гибралтар и Лихтенштајн.
Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за исплата на вкупна премија од 350. илјади евра како парична награда која би ја поделиле фудбалерите и стручниот штаб за освоено прво место во групата.
– Првото место во групата е еден од приоритетите нѐ само за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата, туку и за Фудбалската федерација на Македонија. Сите се убедени дека во оваа репрезентација има и фудбалски и стручен квалитет за освојување на првото место во групата. На капитенот Горан Пандев и неговите соиграчи од репрезентацијата им посакуваме многу среќа во новиот циклус. – изјавија од ФФМ.
Првиот натпреавар го играме на 6. септември против Гибралтар на гостински терен. На 9. септември во Скопје гостува селекцијата на Ерменија.
OhridNews