Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе го поддржи актуелниот прв човек на ФИФА, Џани Инфантино на конгресот за избор на претседател кој ќе се одржи следната година.
- Цврсто веруваме во стратегијата и мисијата и искрено го подржуваме Џани Инфантино за претседател на ФИФА, а ФФМ ќе продолжи да го дава својот придонес во насока на реализација на идеите и идните проекти кои секогаш се насочени кон развој на фудбалот. Во изминатиот период Џани Инфантино докажа дека е исклучителен лидер спроведувајќи низа новитети и реформи во Светската фудбалска Асоцијација. Веруваме дека актуелниот претседател заедно со својот тим е способен да се соочи со следните предизвици и уште повеќе да го зацврсти интегритетот на ФИФА. – стои во дописот на Фуббалската федерација на Македонија.
Конгресот на ФИФА за избор на претседател ќе се одржи во Париз на 5. јуни 2019 година. Инфантино на претседателското место го замени Сеп Блатер.
OhridNews